Утрински Весник
Македонија

Во Велес изминатата недела 817 заболени од грип, најголем број се деца

ИЈЗ: Регистрирани 73 заболени од грип

Велес, 3 март 2020 (МИА) –  Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 817 заболени од грип од кои најголем број се деца, а бројката е приближно двојно повеќе од  претходната недела кога беа евидентирани 468.

Како што информира  за МИА д-р Бојан Тодоровски од ЈЗУ Центар за јавно здравје, од вкупно  од 817 заболени  во групата до четири години заболени од грип се 154 деца, а од 5 до 14 години 314. Во групата од 15 до 64 години има 322 заболени, а  од кои голем дел се деца – средношколци. Во групата над 65 години се регистрирани 27 заболени. Или во текот на февруари во ЈЗУ Центар за јавно здравје регистрирани се вкупно 2.176 лица заболени од грип, а во јануари биле евидентирани само 88.

Д-р Тодоровски очекува од оваа недела па натаму бројот на заболени од грип да опаѓа.

Инаку, според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес и велешко нема ниту сомнителни ниту заболени од коронавирус. ад/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таксист нападнат во Центар, одбил да превезе повеќе лица од дозволеното

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон во рамки на стратешкиот дијалог со САД 

Илир Мета му се заблагодари на Александар Николоски за “ставот околу неговото насилно апсење и политичките обвинувања против него“