Утрински Весник
Македонија

Во Велес бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми од  шест на десет лица

Во Велес бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми од  шест на десет лица

Велес, 6 април 2020 (МИА) – Во последните четири дена бројот на заболени од Ковид-19 во Велес се зголемил од  шест на 10 лица.

На подрачјето на СВР Велес денеска во самоизолација се  вкупно 51 лице, од кои 22 во Велес, исто толку и во Кавадарци, а во Неготино седум лица.

Во петокот 95 лица биле во самоизолација, од кои 41 во Велес, во Кавадарци 45 и во Неготино девет лица, што споредено со денеска е помалку за 44.

Викендов, сабота спрема недела, имало 13 прекршувања на полицискиот час, а  од кои дури 10 прекршители се од Велес, три од Неготино, ниту еден од Кавадарци. Но, синоќа во Велес и Неготино немало нити еден прекршител на полицискиот час, а  во Кавадарци двајца.

Од СВР Велес информираат дека против нив ќе се преземат соодветни санкции. ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари