Утрински Весник
Свет

Во Бугарија 250 новозаразени со коронавирус

Бугарија: Речиси 9000 заразени, коронавирусот влезе и во владата

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број на инфицирани во оваа земја достигна 10.871, од кои 4.750 се активни.

Починале уште осум луѓе заразени со коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 355, пренесе агенцијата БТА.

Моментално 699 лица се хоспитализирани, а 40 се на интензивна нега. Заразени се 638 лица од медицинскиот персонал.

Од Ковид-19 во Бугарија досега оздравеле 5.766 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД би можеле „лесно“ да го отворат Ормускиот Теснец

Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

Руски борбен авион Су-30 се урна над Крим