Утрински Весник
Свет

Во Бугарија запленети милиони фалсификувани банкноти

Во Бугарија запленети милиони фалсификувани банкноти

Бугарската полиција и Обвинителството на Софија заплениле фалсификувани банкноти во долари и евра за време на акцијата во Софија, пишуваат бугарските медиуми.

Фалсификувани банкноти, вредни четири милиони долари и 3,6 милиони евра, биле отпечатени во просториите на Универзитетот во Софија, пренесуваат агенциите во оваа земја.

„Бугарските институции за спроведување на законот продолжуваат активно да ги штитат финансиските интереси на ЕУ и нашите американски партнери“, рече државниот обвинител Иван Гешев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Трагедија на протестите во Непал – жива запалена сопругата на поранешниот премиер