Утрински Весник
Свет

Во Бразил околу 2000 лица умираат секој ден како последица од Ковид-19

Во Бразил околу 2000 лица умираат секој ден како последица од Ковид-19

Четири месеци од почетокот на кампањата за вакцинација против Ковид-19, обележана со недостиг и одложувања, тешко погодениот Бразил сè уште се бори да најде доволно дози на вакцини.

Околу 33 милиони луѓе, или 15 проценти од населението, примиле барем една доза на вакцина во Бразил, но тоа е процент што е сè уште мал за да може значително да влијае на намалување на интензитетот на вирусот.

Владата на претседателот Жаир Болсонаро, која е цел на истрага поради пандемијата, се соочува со критики за неуспехот да обезбеди повеќе вакцини, особено затоа што ја одби понудата за купување милиони дози и предизвика дипломатски тензии со Кина.

„Во моментов немаме доволно вакцини“, вели Маргарет Далколмо, пулмолог и истражувач на Институтот за јавно здравје во Фиокруз.

„Веќе треба да ги вакцинираме помладите луѓе, особено имајќи предвид дека помладите лица се моментално носители на болеста“, вели таа.

Бразил сè уште треба да вакцинира 80 милиони луѓе од приоритетните групи, вклучително и стари лица и здравствени работници.

Во Бразил поради коронавирусот имаше најголем број на починати од која било друга земја, освен САД каде беа регистрирани повеќе од 430.000 лица поради Ковид-19 и има една од највисоките стапки на смртност во светот.

Иако сегашниот бран од коронавирус во Бразил е малку стивнат од април месец, вирусот сè уште убива неверојатно голем број на луѓе во земјата или скоро 2.000 лица на ден.

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја