Утрински Весник
Македонија

Во болниците во Македонија хоспитализирани се 372 пациенти со коронавирус

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Вкупно 372 пациенти се хоспитализирани низ болниците во Македонија поради коронавирус. Според податоците на Министерството за здравство, седум деца се сместени во болницата во Козле.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 18 пациенти, а во болницата во Штип – 41. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 122 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.840 лица. Бројката на оздравени пациенти е 9.361, на починати е 547, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.932. Досега во земјата се направени вкупно 127.196 тестирања на Ковид-19.

Во моментов, најмногу заразени има во Скопје (953), Куманово (298), Гостивар (289) и Штип (260).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара