Утрински Весник
Свет

Во БиХ потврдени четири нови случаи на британскиoт вид коронавирус

Во БиХ потврдени четири нови случаи на британскиoт вид коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шефот на лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево, Теуфик Голетиќ, изјави дека во лабораторијата биле секвенционирани 10 примероци од луѓе, од кои кај четири е идентификуван британскиот вид.

Голетиќ истакна дека три од четирите примероци  биле земени од жители на БиХ, а не како што беше случајот минатиот пат од странски државјани.

Тој вели дека два примерока се од областа на Зеница, а еден  од областа на Сараево.

„За жал, ова во секој случај сугерира дека она што го очекувавме е можно, а тоа е дека британскиот вид веќе кружи и дека е реално да се очекува наскоро да биде еден од подоминантните соеви што ги имаме во земјата“, рече Голетиќ.

Тој посочи дека во блиска иднина може да се очекува влошување на ситуацијата кога станува збор за заразата со Ковид-19.

Досега се потврдени вкупно пет случаи, земајќи го предвид првиот случај на британскиот вид коронавирус пронајден кај странски државјанин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп