Утрински Весник
Свет

Во БИХ голем скок на бројот на заразени со коронавирус

Во БИХ голем скок на бројот на заразени со коронавирус

Во Босна и Херцеговина, голем скок на новоинфицирани со коронавирус, соопштуваат официјалните власти.

Според податоците на заводот за јавно здравство, по спроведените тестирања на нешто повеќе од три илјади примероци, инфекција со коронавирус е потврдена кај 542 лица од Федерацијата на БиХ, 202 од Република Српска и кај 18 од областа Брчко.

Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, коронавирусот сега повторно се шири и тоа со забрзано темпо и според нив тоа е резултат на намаленото почитување на пропишаните мерки.

Кризниот штаб на Федерацијата БиХ воведе нови мерки за ограничување, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.

Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да се сместат до 25 лица.

На инспекциските служби и полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.

Зголемувањето на бројот на заразени се случува истовремено кога БиХ се соочува со нерешените проблеми при набавка на вакцини за коронавирус, пишуваат медиумите. Додават дека оваа земја досега не прими ниту една доза од вакцините на западните производители, нарачани преку механизмот Ковакс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд