Утрински Весник
Македонија

Во Битолско пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Во Битолско пронајдена рачна бомба од Првата светска војна

Неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна била пронајдена во близина на Стрежевско езеро, информира полицијата.

Вчера во 09.50 часот во СВР Битола, вработен во Јавното претпријатие „Стрежево“ пријавил дека на брегот на Стрежевското езеро, во атар на с.Свињиште, пронашол неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна.

Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка а според надлежните бил извршен увид на местото.

Можете да прочитате

31. Конгрес на СДСМ: Отчет за изборниот пораз, но и статутарни измени

Моќен циклон од Џенова следната седмица носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците