Утрински Весник
Македонија

Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд

Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд

Во Битола за само 15-тина минути попладнево нврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.

Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.

Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнуват напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.

Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.

Градските власти информираат и дека стапиле во контакт со надлежните екипи на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Текстот Во Битола се санираат штeтите предизвикани од попладневниот пороен дожд е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје