Утрински Весник
Македонија

Во Битола работилница за ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“

Во Битола работилница за ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“

Битола, 11 февруари 2020 (МИА) – Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со претставници од Националата агенција за европски образовни програми и обилност, одржаа еднодневна работилница на тема ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“.

На средбата во Битола разгледани се можностите од Програмата, во контекст на најновиот повик за аплицирање во клучните акции поврзани со академската мобилност, информираа од УКЛО-Битола.

Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, Институционален Е+ координатор на УКЛО, активноста е во функција на подигнување на капацитетите на УКЛО-Битола и најави инфо-денови и обуки на единиците поврзани со Програмата со што ќе се овозможи подобрување на интернационализацијата на Универзитетот и подобрување на видливоста на УКЛО.

На инфо-работилницата ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Астрит Реџепи, ги презентираше можностите на Програмата и зголемениот буџет.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хоџа: Новиот систем за рано откривање на пожари на депониите ќе го спречи нивното проширување  

„Платвормата 12:05“: Македонија старее, младите се иселуваат, политиката ги разочара граѓаните

Ужас во Тетово: Маж силувал малолетно дете, излегло и видео