Утрински Весник
Македонија

Во Битола работилница за ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“

Во Битола работилница за ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Битола, 11 февруари 2020 (МИА)Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со претставници од Националата агенција за европски образовни програми и обилност, одржаа еднодневна работилница на тема ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“.

На средбата во Битола разгледани се можностите од Програмата, во контекст на најновиот повик за аплицирање во клучните акции поврзани со академската мобилност, информираа од УКЛО-Битола.

Според проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, Институционален Е+ координатор на УКЛО, активноста е во функција на подигнување на капацитетите на УКЛО-Битола и најави инфо-денови и обуки на единиците поврзани со Програмата со што ќе се овозможи подобрување на интернационализацијата на Универзитетот и подобрување на видливоста на УКЛО.

На инфо-работилницата ,,Интернационализација во високото образование и Еразмус+ програмата“, претставникот од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Астрит Реџепи, ги презентираше можностите на Програмата и зголемениот буџет.мт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ поднесува уште една, нова претставка до ЗНМ за Героски

Мајка на загинато момче во „Пулс“: Не верував дека Андреј е мртов, немаше никави изгореници

СДСМ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта: Како се пумпаат 300.000 евра годишно!