Утрински Весник
Македонија

Во Битола почина 19-годишна девојка со симптоми на коронавирус

Во Украина за еден ден скоро 20.000 новозаразени со Ковид-19

Деветнаесетгодишна девојка суспектна на коронавирусот, почина во битолскиот ковид-ценатар.

Од Битолската болница за „Макфакс“ велат дека пациентката била со Даунов синдром и била донесена во болницата со тешка клиничка слика. И покрај обидите на лекарите да ја реанимираат, пацинетката ја изгубила битката со болеста.

„Пациентка беше донесена со екстремно тешка слика со симптоми на Ковид-19 и за жал почина пред да и биде земен брис, така што оваа пациентка не се води како почината од Ковид-19, затоа што немаше тест кој ќе потврди дали била позитивна на вирусот. Во болницата престојуваше неколку часа и за тој период лекарите направија се за да ја спасат. И покрај повеќето обиди за реанимација, оваа девојка ја загуби битката со животот“ изјави директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска.

Гагачовска додаде дека нема информации дали некој од семејството на девојката бил позитивен на коронавурсот.

Можете да прочитате

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја саботира институционалната постапка за Алта банка

ЕСМ: Платата ќе биде во законскиот рок, се ажурираат податоци на вработени