Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Битола заврши масовната акција, дезинфицирани 27 реони во градот

Во Битола заврши масовната акција, дезинфицирани 27 реони во градот
300x250 opst2

Битола, 11 април 2020 (МИА)Во Битола заврши масовната акција за дезинфицирање на улиците и јавните прометни површини на подрачјето на Општина Битола.

Општинскиот кризен штаб информира дека во акцијата од 7 до 17 часот дезинфицирани се најфреквентните улици во градот, но и населени места на Општина Битола.

-Акцијата ја координираа екипи на ЈП „Комуналец“, а во акцијата се вклучија и ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“, ЈП „Паркинзи“, Територијалната противпожарна служба, екипи на ЕСМ-РЕК Битола, ЈП „Стрежево“, приватните компании „Зимак“, „Стентон градба“, ЗИК „Пелагонија“ како и волонтери од руралните средини. Во акцијата беа вклучени пет цистерни, 22 трактори, една метларка, 50 рачни пумпи и останати возила за логистика. Според претходно подготвениот оперативен план, градот беше поделен на 27 реони и сите се дезинфицирани, информираа од Општина Битола.

Според соопштението за јавност, во акцијата посебен акцент бил ставен за во Широк Сокак и дворот на Клиничката болница, а дезинфекција е извршена и на урбаната опрема – клупи, детски и спортски реквизити, корпи за отпадоци и патеките до влезовите на зградите за колективно домување.

езинфекција е извршена и во руралните средини, а според оперативниот план и на предлог на градоначалничката Наташа Петровска, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, посочија од општинскиот кризен штаб во Битола. мт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

17-годишен ученик избоден 15-годишен ученик – Тежок инцидент во средно училиште во Кичево

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Минчев: Реформите во јавната администрација се реалност, не ветување – Европеизацијата почнува од секој шалтер и службеник