Утрински Весник
Свет

Во Белгија уапсени Албанец и Литванец, нарко-босови во Европа

Во Белгија уапсени Албанец и Литванец, нарко-босови во Европа
Dik 300x250 mk

Во Белгија се уапсени 17 припадници на нарко клан. Според информациите од германската полиција која учествувала во операцијата, меѓу нив се и двајца лидери на групата во Европа – Албанец (34) и Литванец (35).

Како што се наведува, оваа група е најголемата нарко група во Европа, пренесува порталот „Репортери“.

Тие биле уапсени во рација која вклучувала претрес на околу 20 станови во Антверпен и Брисел минатата недела, а во неа биле запленети неколку стотици илјади евра и 187 килограми кокаин. Двајцата водачи на групата се сметаат за дел од албанската мрежа за трговија со дрога и се верува дека биле посредници помеѓу јужноамериканските картели и европските купувачи. Нивното седиште било во Антверпен, што се смета за клучна точка за шверцерите со дрога.

Истрагата против оваа група траела три години, откако германската полиција открила 200 килограми кокаин скриени во кутии со банани во 10 супермаркети во Баварија, кои пристигнале од Еквадор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон