Утрински Весник
Свет

Во Белгија потрага по тешко вооружен војник, пред да исчезне му се заканувал на главниот епидемиолог

Во Белгија потрага по тешко вооружен војник, пред да исчезне му се заканувал на главниот епидемиолог

Специјалните трупи во Белгија бараат тешко вооружен војник, краен десничар, за кој веруваат дека претставува сериозна закана.

Станува збор за Јирген Конингс, воен инструктор за стрелање. Тој зел оружје од касарната, а потоа исчезнал.

Би-би-си објави дека претходно му се заканувал на вирологот Марк Ван Ранст, шеф на белгиското јавно здравство по прашањата за епидемијата на коронавирус.

Ван Ранст и неговото семејство се преместени на безбедна локација откако Конингс исчезнал.

Последните извештаи велат дека околу 350 полицајци и војници се распоредени во областа на националниот парк во близина на границата со Холандија.

Во тоа подрачје вчера околу 18 часот и 35 минути се слушнале шест истрели или детонации, но сè уште не е познато дали станува збор за огнено оружје. Автопатот што минува низ областа е затворен.

На белгиската јавност сега се води дебата за тоа како е можно добро познат симпатизер на крајната десница да има пристап до воено оружје. Би-би-си објави дека тој го зел оружјето од касарната во Леополдсбург под образложение за организирање на вежба за стрелање.

Полицијата апелира до јавноста ако неко го види Конингс, да не му приоѓа, туку беднаш да ги информира службите. Властите велат дека исчезнатиот воен инструктор претставува најголема можна опасност и можеби планира напад врз институции или поединци.

Полицијата со часови ја пребарувала шумата околу градот Дилсен-Стокем, недалеку од куќата на Конингс во северната провинција Лимбург, откако бил пронајден автомобилот на војникот, полн со тешко вооружување.

Во автомобилот биле пронајдени четири противтенковски ракети и муниција, а полицијата верува дека Конингс сè уште е вооружен со друго оружје, вклучително и краток митралез, а на себе носи панцир.

Полицијата потоа го затвори националниот парк Хоге Кампен, кој се протега на 12 хектари шума во близина на границата со Холандија. Би-би-си соопшти дека неколку касарни се затворени, а на војниците им е забрането да заминуваат.

Весникот „Ле Соар“ известува дека специјалните единици со оклопно возило влегле во националниот парк.

Можете да прочитате

Договорен прекин на судирите во Газа поради втор круг вакцинации против детска парализа

Најмалку 10 жртви од ураганот Милтон на Флорида

Киев тврди дека Северна Кореа испраќа војници и оружје како помош за Русија