Додека светот нестрпливо го чека пронаоѓањето на вакцината против коронавирусот, во Африка е искоренет полиовирусот кој предизивкува детска парализа.
Овој вирус обично ги напаѓа децата до пет годишна возраст, некогаш доведувајќи до неповратна парализа. Смртта може да се случи кога мускулите за дишење се засегнати.
Пред дваесет и пет години илјадници деца во Африка беа парализирани од вирусот.
Болеста сега се наоѓа само во Авганистан и Пакистан.
Нема лек, но вакцината против детска парализа ги штити децата.
Нигерија е последната африканска земја која е прогласена за ослободена од полио, имајќи ги повеќе од половина од сите глобални случаи пред помалку од една деценија.
Кампањата за вакцинирање во Нигерија вклучуваше огромен напор да се достигнат оддалечени и опасни места под закана од милитантно насилство, а некои здравствени работници беа убиени во тој процес.
Полио е вирус кој се шири од човек на човек, обично преку загадена вода. Може да доведе до парализа напаѓајќи го нервниот систем. Два од три видови на вирусот се искоренети низ целиот свет. Вчера Африка прогласи ослободување од последниот преостанат вид.
Повеќе од 95% од населението во Африка сега е вакцинирано. Ова беше еден од условите што регионалната комисија за сертификација на Африка го постави пред да го прогласи континентот за ослободен од полиовирусот.