Утрински Весник
Македонија

Во Австрија се размислува за снижување на даноците за корисниците на велосипед

Во Австрија се размислува за снижување на даноците за корисниците на велосипед

Предлог за повисоки даноци за сопствениците на автомобили, коишто го загадуваат воздухот и бонуси за луѓето што на работа одат со велосипеди ќе биде тема на разгледување на австриската влада утре, јави австрискиот весник „Стандард“.

Темата за еколошките мерки е многу чувствителна за необичната владина коалиција од конзервативци и „зелени“, но сепак сериозно се размислува за посилно „удирање по џебот“ на оние што купуваат нови автомобили што испуштаат високи количества јаглерод диоксид во воздухот, оти ќе им се зголеми стандардниот данок (NoVa).

Според неофицијални информации, оние што на работа одат со велосипеди ќе добијат „даночни бонуси“, а сопствениците на електрични велосипеди ќе се ослободат од давачки што се однесуваат на превозното средство. Исто така, отстапки ќе има и за оние што патуваат со јавен превоз, а не со сопствениот автомобил.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Голем пожар на македонско-косовската граница, чадот се шири кон Скопје

Уапсен возачот на Игор Јанушев, барал мито за вработување

ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи