Утрински Весник
Свет

Во Авганистан убиени три медицински работнички за време на вакцинација

Бомбаш самоубиец со камион влета во воен конвој и уби осум војници во Авганистан

Вооружени лица убија три медицински работнички додека  вакцинирале против детска парализа во источниот авганистански град Џалалабад, соопштија два владини извори.

Претставник на покраинската влада рече дека не било веднаш јасно кој ги извршил двете одделни престрелки.

Извор од централната влада го потврди пукањето.

Голем број атентати се случија во урбаните центри откако минатата година во Доха започнаа мировните разговори меѓу бунтовничките Талибанци и авганистанската влада.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија