Утрински Весник
Македонија

Војниците кои се враќаат од мисии во странство ќе бидат во карантин

Војниците кои се враќаат од мисии во странство ќе бидат во карантин
Dik 300x250 mk

 

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се враќаат од мировни мисии и вежбовни активности во странски држави ќе бидат спроведени во карантин во објектите и касарните, одлучи Владата на денешната 30-та седница.

Владата на денешната седница, исто така, го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Седум припадници на Армијата кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се враќаат во земјава. Како што соопшти вчера Министерството за одбрана нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешко повреден 78-годишник, се превртел со трактор

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно

Се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал