Утрински Весник
Магазин

Војвотката Кетрин се чувствува како машина за хранење

Војвотката Кетрин се чувствува како машина за хранење

Војвотката Кетрин – која го има принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2) со сопругот принц Вилијам – призна дека се чувствува како „машина за хранење“ во последните неколку месеци, бидејќи нејзините деца се постојано гладни.

Говорејќи на „БиБиСи брекфаст“, таа рече: “Моите деца имаат јами без дно. Се чувствувам како машина за хранење”.

38-годишната Кејт вели дека морала да ги чува децата дома бидејќи училиштата биле затворени среде пандемија на коронавирус, и дека тоа било предизвик, но сепак, уживала во тоа што поминува повеќе време со своите деца.

“Тоа беше предизвик. Некои делови беа навистина позитивни, поминував повеќе време со нив, тоа е убаво но и стресно,“ рече таа. „Цело време бевме во затворени простори … со домашно училиште. Отсекогаш имав почит кон наставниците, но сега уште повеќе.“

Таа исто така призна: „Луис не разбира што е тоа социјално дистанцирање, тој кога излегува сака да гушка сè, особено бебињата помали од него.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години