Војвотката Кетрин – која го има принцот Џорџ (6), принцезата Шарлот (5) и принцот Луис (2) со сопругот принц Вилијам – призна дека се чувствува како „машина за хранење“ во последните неколку месеци, бидејќи нејзините деца се постојано гладни.
Говорејќи на „БиБиСи брекфаст“, таа рече: “Моите деца имаат јами без дно. Се чувствувам како машина за хранење”.
38-годишната Кејт вели дека морала да ги чува децата дома бидејќи училиштата биле затворени среде пандемија на коронавирус, и дека тоа било предизвик, но сепак, уживала во тоа што поминува повеќе време со своите деца.
“Тоа беше предизвик. Некои делови беа навистина позитивни, поминував повеќе време со нив, тоа е убаво но и стресно,“ рече таа. „Цело време бевме во затворени простори … со домашно училиште. Отсекогаш имав почит кон наставниците, но сега уште повеќе.“
Таа исто така призна: „Луис не разбира што е тоа социјално дистанцирање, тој кога излегува сака да гушка сè, особено бебињата помали од него.