Утрински Весник
Магазин

Војводата од Сасекс тргнува во прва офанзива со комедија во живо

Војводата од Сасекс тргнува во прва офанзива со комедија во живо

Принцот Хари ќе учествува во традиционалниот добротворен фестивал на музика и комедија  Stand Up for Heroes на 18 ноември.

Oткако се повлекоа од функцијата високи членови на кралското семејство, војводата и војвотката од Сасекс градат свои кариери како филантропи, говорници и продуценти на „Нетфликс“.

Сепак, никој не можеше да го претпостави најновиот потфат на принцот Хари, со тоа што војводата ќе се појави во стенд-ап комедија, како дел од забавен настан за добротворни цели.

Њујоршкиот годишен Stand Up for Heroes оваа година се одржува виртуелно поради пандемијата, а ќе се емитува на “Еј-би-си њуз лајв“ и онлајн на 18 ноември. Во него ќе учествуваат голем број sвезди, вклучително и пејачот Брус Спрингстин, сенд-ап комичарот Џон Стјуарт, Тифани Хадиш, Реј Роман и други кои со перформанси и скечеви ќе се обидат да соберат средства за фондацијата Боб Вудруф – организација со седиште во САД чија цел е да создаде здрави, позитивни иднини за воените херои, ветераните и нивните семејства.

Според официјалната веб-страница на фондацијата, настанот ќе потенцира инспиративни моменти, изненадувања и приказни за издржливост.

Годишниот добротворен настан, кој се одржува веќе 14 години, започна по иницијатива на дописникот на „Еј-би-си њуз“ Боб Вудруф, откако тој се здоби со повреди на главата во 2006 година, додека известуваше за војната во Ирак.

Од својата инаугуративна година во 2007 година, настанот собра повеќе од 57 милиони долари, со настапи од ѕвездени имиња како Стивен Колберт, Џон Мејер, Сет Мејерс, Тревор Ноа, Конан О’Брајан, Рики Џервејс, Вупи Голдберг, Џери Синфилд, Брус Спрингстин , Реј Романо и Робин Вилијамс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста