Утрински Весник
Спорт

Ворле победи во Ленцерхајде, се доближи до Хектор

Ворле победи во Ленцерхајде, се доближи до Хектор
Dik 300x250 mk

Французинката Теса Ворле стигна до својата 15. победа во Светскиот куп во алпско скијање (сите во велеслалом), триумфирајќи на трката во швајцарскиот Ленцерхајде за да остане во игра за малиот кристален глобус во дисциплината.

Ворле имаше комбинирано време од 2:02.35 откако беше трета по првото возење, за да победи со 0.29 секунди пред Италијанката Федерика Брињоне, додека трета беше лидерката во генерален пласман и најдобрата по првото возење, Швеѓанката Сара Хектор со 0.31 секунди заостанување. Американката Микаела Шифрин заврши на четвртото место.

Пред финалето на Светскиот куп, Хектор има 522 поени во велеслалом, пред Ворле со 467, додека во генерален пласман во СК, Шифрин останува лидерка со 1.156 поени, пред Словачката Петра Влхова со 1.093 и Брињоне со 931 поени.

> Ворле победи во Ленцерхајде, се доближи до Хектор <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја