Кошаркарите на Торонто Репторс ги декласираа Голден стејт Вориорс со 130:77. Репторс ја забележаа најубедливата победа во историјата на франшизата, додека за Голден стејт ова е третиот најголем пораз во историјата.
Без Стеф Кари и Дрејмонд Грин, Вориорс беа конкурентни само во првото полувреме, во второто постигнаа само 30, а примија 81 поен. На шест и пол минути до крајот на натпреварот Репторс имаа предност од 61 поен.
Вориорс го запишаа осмиот пораз на последните девет натпревари. Низ историјата со повеќе разлика губеле само од ЛА Лејкерс, во 1972 година (162:99) и во 1973 година (126:70).
Паскал Сијакам со 36 поени ги предводеше Репторс, кај Вориорс Ендру Вигинс постигна 15 поени.
> Вориорс на -53 против Репторс <