Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба во Кентаки – силното невреме предизвика поплави и торнадо

Вонредна состојба во Кентаки – силното невреме предизвика поплави и торнадо

Гувернерот на сојузната американска држава Кентаки, Енди Башир прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја, поради силното невреме кое предизвика поплави, прекини на струја и материјална штета.

Предупредувањето за поплави е на сила во поголемиот дел од Кентаки и Западна Вирџинија од саботата навечер.

Исто така, делови од источен Кентаки, Тенеси, Арканзас, Луизијана, Мисисипи и Алабама, биле предупредени за торнада.

Ненадејните поплави предизвикаа затворање на многу патишта во јужните и централните делови на земјата, се вели во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Кентаки.

Обилните врнежи се очекува да продолжат во поголемиот дел од Кентаки во текот на денешниот ден. Во градот Хопкинсвил во југозападниот дел на Кентаки, торнадо оштетило неколку фиеми во центарот на градот.

„ Поразително е тоа што повторно доживуваме лошо време само неколку недели откако торнадото го погоди западен Кентаки“, рече гувернерот.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван