Утрински Весник
Свет

Володин: Санкциите против Русија се покажаа како неефикасни и се вратија како бумеранг во Европа и Америка

Санкциите против Русија се покажаа како неефикасни. Се вратија како бумеранг и ги погодија Европа и Америка, изјави претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Думата посочи и дека развојот на глобалната економија не може да се замисли без Русија.

Тој посочи дека странските економисти ги ревидираат проценките за БДП на Русија за оваа година.

Истовремено, тие заклучуваат дека падот ќе биде за две третини помал отколку што претходно предвидуваа.

– Во исто време, ситуацијата во однос на САД и земјите од ЕУ е сосема поинаква: аналитичарите даваат полоши прогнози и предвидуваат пад на БДП два квартали по ред – заклучи Володин.

Да потсетиме, откако Русија на 24 февруари започна специјална воена операција со цел денацификација и демилитаризација на Украина и заштита на граѓаните на Донбас, Западот воведе невидени санкции против Русија, пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус