Утрински Весник
Економија

Возовите во државава ќе сообраќаат со нов возен ред

Измени и дополнувања на железникиот возен ред за време на полициски час и за викенди

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Почнувајќи од 27 април, возовите во државава ќе сообраќаат по нов возен ред поради измените во времетраењето на полицискиот час кој сега трае од 19  до 5 часот во работни денови, и од 15 часот во сабота до 5 часот во понеделник.

Како што соопштија од ЖРСМ Транспорт АД Скопје според новиот некои пак  возови нема да сообраќаат.

Од понеделник до петок

Возови кои ќе сообраќаат:

-релација Велес – Скопје – Велес:

1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,

2. воз бр. 2080 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 12:10 часот,

3. воз бр. 2081 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 13:20 часот, и

4. воз бр. 2082 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 14:24 часот.

5. Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 630 од Велес).

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот

2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 15:10 часот.

3. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме во 15:24 часот.

4. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот. ( од вторник до сабота )

-релација Скопје – Битола – Скопје:

1. воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот

2. воз бр. 642 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Битола во 12:51 часот.

3. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот

4. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. ( од вторник до сабота )

Во сабота

Возови кои ќе сообраќаат:

1. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот.

2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.

Нема да сообраќаат возовите на следниве релации

– релација Скопје – Куманово – Скопје:

– релација Скопје – Кичево – Скопје:

– релација Скопје – Кочани – Скопје:

бк/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска за МТВ: Пристапувањето во СЕПА ќе донесе заштеда од половина милијарда евра за земјите од Западен Балкан

УЈП: Преку „меки“ мерки и соработка кон подобрување на даночната усогласеност

Трет ден расправа за ребалансот на Буџетот