Утрински Весник
Македонија

Возило удри 84-годишен пешак во Бутел – лицето добило телесни повреди

Возило удри 84-годишен пешак во Бутел – лицето добило телесни повреди

84-годишен човек добил телесни повреди кога во него удрило возило.

Според информациите од МВР, синоќа, вo 20.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било донесено повредено лице од сообраќајна несреќа.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден на крстосницата од улицата Бутелска и улицата Натанаил Кучевишки, А. Н. (84) од Скопје бил удрен од возило и откога возачот на самото место му укажал помош, го напуштил местото.

Се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Во недела осветување на храмот „Св. Константин и Елена“ во центарот на Скопје

Следува големо заладување и обилни врнежи, следната седмица доаѓа и првиот снег

Владините возила на министрите ќе останат необележани така советува АНБ и МВР