Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Возач на електричен тротинет загина во сообраќајка во Битола

Возач на електричен тротинет загина во сообраќајка во Битола
Img 7972

Во попладневните часови на 29 јули во Битола се случила сообраќајна незгода во која загинал 26-годишен битолчанец, што управувал електричен тротинет.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од битолските улици „8 Септември“ и „Арон Ароести“, а во неа учествувале автомобил „фолксваген туран“, управуван од 21-годишниот битолчанец Ф.Ј. и електричен тротинет управуван од О.П. (26), исто така од Битола.

По незгодата 26-годишникот бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде им подлегнал на повредите.

На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?