Утрински Весник
Македонија

„Водовод и канализација“ – Скопје: Канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и шут

„Водовод и канализација“ – Скопје: Канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и шут

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска информира дека по пријавите и жалбите на граѓаните од улицата „Скупи“, крак 22, за запушена канализација, нивните тимови излегле на терен и со помош на механизација и рачно чистење ја отпушиле канализациската линија.

-Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализациската линија. Беа извадени столови, шут и други предмет, стои во соопштението.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира и повикува на граѓанска одговорност и потсетува дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут.

-Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер. Во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или да го однесат во контејнерите што се наменети за тоа. Бидете одговорни за себе и за другите, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје. мд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце