Утрински Весник
Македонија

„Водовод“ апелира рационално да се користи водата

„Водовод“ апелира рационално да се користи водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

„ Поради енормно зголемената потрошувачка на водата за пиење се соочуваме со сериозни проблеми при водоснабдувањето во одредени делови од градот. Во изминатиов период резервоарите за вода во Радишани и Гази Баба, заради преголемата потрошувачка, не можат да се наполнат и да го постигнат својот капацитет за работа“ соопштија од „Водовод“.

Затоа „Водовод“ врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, кои во континуитет најавуаат високи температури во наредиот период, уште еднаш апелира до жителите на градот Скопје рационално и внимателно да се користи водата за пиење.

Можете да прочитате

Пешевски до Мицкоски: Не сме партија, туку гладни работници

Зајкова: ВМРО-ДПМНЕ директно ги амнестира од одговорност криминалците инаку ќе гo прифатеше амандманот на ЛДП за Кривичниот Закон

Стопирана истрагата за шестмина полицајци за пожарот во „Пулс“