Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Водечки шведски епидемиолог не препорачува да сe носат заштитни маски

Водечки шведски епидемиолог не препорачува да сe носат заштитни маски
Img 7972

Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел и понатаму не препорачува да се носат заштитни маски и предупредува дека е многу опасно потпирањето на нив.

„Многу е опасно да се верува дека маските за лице ќе ја променат играта кога станува збор за Ковид-19“, изјави Тегнел за „Фајненшал тајмс“.

Тој објасни дека маските можат да бидат додаток на други работи ако се доволно безбедни.

„Но, да се има маска за лице и потоа да се мисли дека може да се наполнат автобусите или трговските центри е дефинитивно грешка“, рече Тегнел, кој е главен автор на стратегијата на борбата против коронавирус во Шведска, која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Тој ги наведе Белгија и Шпанија како примери кои препорачуваат да се носи маска, а сепак имаат голем број заразени со коронавирусот.

Досега во Шведска се заразени 86.068 лица, а како резултат на вирусот починале 5.810 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Светата земја конечно е во мир

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени