Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-НП: Францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија

Францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија, велат од ВМРО-Народна партија.

Од партијата на Љубчо Георгиевски сметаат дека предлогот може да биде полезен за надминување на ветото и продолжување на европската интеграцијата на државата.

„Во исто време ги повикуваме сите оние кои го критикуваат францскиот предлог да не го отфрлаат во атмосфера на хистерија туку конкретно да ги критикуваат деловите кои сметаат дека не се во интерес на Северна Македонија.

На тој начин ќе демонстрираат дека сепак го прочитале францускиот предлог“, се наведува во партиското соопштение.

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев, денеска изјави дека францускиот предлог во моментот е најдобар за надминување на спорот меѓу двете држави.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт