Утрински Весник
Македонија

ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, велат од ВМРО-Народна партија, реагирајќи на предлогот за субвенционирање на работни места по етничка основа.

„Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со Закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат од партијата.

Оттука порачуваат дека потребно би било да се направи и попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на Македонците е падната под 50 проценти.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство – едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота

Министерот Серафимовски тврди дека е постигнат договор за откупната цена на ајварската пиперка