Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ oд денеска почнува со протести

(Видео) Мицкоски ги повика граѓаните да излезат на протест во среда

ВМРО-ДПМНЕ од денеска започнува со тематски протести. За попладнево во 18 часот најавен е протест против покачувањето на електричната енергија.

Како што истакна партискиот лидер, Христијан Мицкоски, протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече Мицкоски во понеделникот, кога ги најави протестите.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.

„Пари има затоа што потрошија 1 милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати по старо“, рече Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ