Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: 55.000 луѓе останаа на улица, а од СДСМ велат се е во ред

ВМРО-ДПМНЕ: 55.000 луѓе останаа на улица, а од СДСМ велат се е во ред

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, која посочи дека економските анти-кризни мерки ги дале посакуваните резултати.

„Има ли некој во СДСМ што си верува на изјавите кои ги дава? 55.000 луѓе останаа на улица, а тие велат се е во ред! 6.200 бизниси ставија клуч на врата. Десетици илјади тутунари едвај преживуваат. Народот се бори за гола живеачка. Половина милион луѓе живеат со по 2 евра на ден, а СДСМ зборува за економија и напредок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Надвор од штабот на СДСМ е сиромаштија, која тие со наполнети сметки од тендерите на СДСМ не ја чувствуваат, но тоа не е народот, тоа се стотина лица блиски до Заев, остатокот преживува“, додаваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт