Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата во Собранието обвинувајќи за непочитување на Деловникот

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата во Собранието обвинувајќи за непочитување на Деловникот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната пленарна седница обвинувајќи за непочитување на Деловникот.

Од ВМРО-ДПМНЕ образложија дека ја напуштиле седницата поради тоа што одлуката за изменување и дополнување на одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата повторно се стави на пленарна седница, без да го помине филтерот, а тоа е самата Комисија.

„Членот 20 од Деловникот предвидува изборот на членовите на Комисијата за изборите и именувањата на конститутивната седница да се врши на пленарна седница. Меѓутоа, веќе сме активни и имаме одредени работи на таа Комисија, така што промената и измената на членовите треба да оди во согласност со членот 108 од Деловникот, што владејачкото мнозинство и претседателот Џафери упорно го избегнуваат, каде што се вели дека изборот на претседател и членови на работни тела оди по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а врз основа на листата што ја предлагаат пратеничките групи“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој оцени дека е очигледно прекршувањето на Деловникот. Обвини дека владејачкото мнозинство, не сакајќи да ја поминат целата деловничка процедура преку Комисијата за изборите и именувањата, тоа пополнување на Комисијата планираат да го направат преку пленарна седница.

Можете да прочитате

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори