Шилегов ќе ја реконструираше Универзална сала, ама беше зафатен со кревање два ката на зградата дивоградба и хациендата во Маврово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на актуелниот скопски градоначалник и кандидат за втор мандат.
„Универзална сала можеби и ќе беше завршена да не требаше да се платат 1,7 милиони евра за противпожарната скала, каква што во Загреб е платена за 900.000 евра.
Универзална сала сигурно ќе беше завршена и Шилегов ќе ја направеше, ама мораше да распише местен тендер од 300.000 евра за да ги покрие градежните зафати на Варшавска каде плаќал и до 8 пати повеќе од претходно.
Шилегов можеби и ќе ја направеше Универзална, ама цел мандат се мисли како да ги пробие тунелите под Кале“, критикуваат од паријата.