Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов сече дрвја за да се гледаат билбордите

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов сече дрвја за да се гледаат билбордите

Се моли Шилегов да не зборува за дрвја во Скопје, бидејќи ги исече за да му се гледаат билбордите, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„За дрвореди и за дрвја е лицемерно кога зборува Шилегов, бидејќи тој е човекот што сече дрвја за да се гледа билбордот на Филип Темелковски. Шилегов е човекот под чија наредба беа исечени дрворедите на улицата Орце Николов и со чија дозвола се пустошат сите зелени површини“, сметаат од партијата.

Од таму додаваат дека Скопје руши рекорди по загаденост секоја зима и е на врвот на светските листи на градови со најзагаден воздух.

„Минатата зима загадувањето беше намалено поради рестриктивните мерки за движење на граѓаните и карантинот за време на викендите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека тезата на Шилегов оти се намалило загадувањето е недолична.

Од таму додаваат и дека за субвенциите за инвертер клими, Шилегов допрва ќе треба да одговори.

„По кој принцип се делени и зошто наместо во приградските населби каде што има потреба, тие се делени во Центар на лица кои живеат на улица Македонија и строгиот центар на градот“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт