Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Шахпаска потврди поразителни состојби во градинките, позитивни се 86 деца и 26 вработени

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерката за труд, Јагода Шахпаска, со денешната прес конференција потврди зошто политиките и протоколите на власта се целосно промашени и не даваат резултат, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во градинките до вчера имало 86 заболени вработени и 26 позитивни деца на ковид 19. Дополнително 484 деца се во изолација. Тоа се над 500 семејства кои се во изолација поради пропусти во протоколите кои биле преземени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека предлагале ваквите протоколи и подготовки за старт на работата на градинките да се направат посистематски и со почитување на најстрогите препораки и мерки.

„На децата и на вработените и нивните семејства им посакуваме брзо да закрепнат, а на властите да отпочнат час поскоро со сериозен и систематски пристап, бидејќи се работи за здравјето и животите на најмладите и нивните семејства“, велат од партијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт