Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски е човек со сомнително минато, a Пендаровски го праќа во ОН

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски е човек со сомнително минато, a Пендаровски го праќа во ОН

Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавено дека претседателот Стево Пендаровски денеска го потпишал указот со кој професорот и поранешен министер за надворешни и за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, се назначува за амбасадор во Организацијата на обединетите нации во Њујорк.

„Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90-те години.

Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека САД не го прифатиле Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега, како што се посочува, Пендаровски повторно го праќа на нивна територија, во Њујорк.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ