Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Со 1.7 милиони евра може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ: Со 1.7 милиони евра може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов
300x250 (7)

Со 1.7 милиони евра за Скопје може да се купат две возила со скали, а не едно како што направи Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара реакција од јавното обвинителство.

„Скопје пред се има потреба од домаќинско работење, така со 1.7 милиони евра ќе се купат две противпожарни возила со скали, а не едно. Патетични се објаснувањата и правдањата на мрзеливиот градски арамија Шилегов дека градот има потреба од противпожарно возило со скали, да има, ама не по цена двојно поскапа од таа која ја плаќа град Загреб за исто такво возило. Потребата за нешто, не е оправдување за криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

300x250 (7)

Од партијата велат дека возилото кое го купува Шилегов е 1.723.621 евра, а исто такво возило град Загреб купил за 794.052 евра.

„Разликата во набавката од 939.569 евра е огромна. И во јавноста со право се поставува прашањето во чии џебови завршила таа, особено ако се земе во предвид дека ј фирмата која го испорачала возилото во Загреб остварила профит од набавката, така доаѓаме до фрапантни бројки. Ова не е предмет само за ДКСК, ова е предмет и за ЈО. Не смее уште едем крупен криминал да заврши со одговорност на некој службеник, одговорност мора да има од врвот. Шилегов не може да се апстрахира од вина. Одговорност мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт