Скопје, 24 февруари 2020
ВМРО-ДПМНЕ со новата програма се обврзува да донесе целосна гасификација на Македонија.
Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи итн.
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го изгради гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: завршување и пуштање во употреба на проектите.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го доизгради магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на магистралниот гасовод Штип – Радовиш- Струмица – Гевгелија. Исто така се предвидува изградба на магистралниот гасовод Гостивар – Кичево, магистралниот гасовод Свети Николе – Велес, магистралниот гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга.
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април предвидува поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној за прв пат во историјата познат термин енергетско земјоделски комбинат кој што ниту е енергетски, ниту е земјоделски, а само претставува споменик на едно неуспешно време на владите на СДСМ.
Ќе се предвидат и изградби на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени.
Обнова на Македонија ќе има по 12-ти април, кога новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе проекти кои ќе овозможат целосна гасификација на државата. Обновата кога ќе дојде, ќе дојде време кога ќе има повеќе за секој граѓанин во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки