Скопје, 12 мај 2020
Со внимание ја проследивме изјавата на Петре Шилегов со која ја префрла сопствената одговорност за инцидентот во Вардариште на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тоа е изјава во која тој наместо аргументи, понуди навреди со зборовите „Лудак, ненормален“. Уличниот речник на Петре Шилегов е последица на пропуштена социјализација и специфичната емотивна состојба во која се наоѓа скопскиот градоначалник.
Оттаму како советничка група на градот Скопје, и загрижени за сето ова ќе предложиме пред секоја седница на советот на градот Скопје освен присуство на претставници од пожарната единица на град Скопје кои редовно присуствуваат, да присуствува и претставник на итната медицинска помош, како и да се спроведува задоложителен алко тест, со цел да се зачува здравјето на сите, а највеќе на Петре Шилегов.
Наместо градски татко Шилегов одбра да биде градски кловн, кој освен патолошко лажење, е и заштитник на црните пари на Заеви преку отворените сомнежи за тендер коалициите во јавните претпријатија со кој управува градот.
Проблемот Вардариште е проблем на Петре Шилегов. Тојза време на полицискиот час преку јавното претпријатие за комунална хигиена фрла тони и тони смет и го загрозува здравјето на граѓаните. Дополнително Петре Шилегов не можејќи да го реши проблемот барал од Наќе Чулев да забрани и казнува граѓани кои прописно го фрлале сметот во преполните контејнери. Полните контејнери не се проблем на Наќе Чулев туку на лажоманот Петре Шилегов.
Едно е јасно Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на град Скопје кој мора да си замине од функцијата градоначалник и да се поднесе оставка, затоа што освен тоа што е неспособен е и недостоинствен за таа позиција.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.