Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе дo несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски

ВМРО-ДПМНЕ: Системска корупција доведе дo несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски
Dik 300x250 mk

„Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски.

Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан.

Автобусот на Беса транс немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе.

Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати.

Три дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.

Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена.

Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Јанаки кон Богојески: „Освои 159 гласови, за да основаш партија ти требаат 1.000 основачи – самите основачи не го гласаат“

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражуваат злоупотреби за местење тендери

НЀ ОЧЕКУВААТ ПОТОПЛИ И СПАРНИ ДЕНОВИ – Во петок ќе дува и силен ветер