Утрински Весник
Магазин

Брајан Адамс позитивен на Ковид-19 по летот за Италија

Брајан Адамс позитивен на Ковид-19 по летот за Италија

Канадскиот пејач Брајан Адамс во четвртокот соопшти дека бил позитивен на Ковид-19 откако одлета во Италија и дека е во болница.

Адамс, кој исто така е фотограф, дојде во Милано да го промовира календарот на Пирели за 2022 година, кој тој го снимал.

„Еве ме, штотуку пристигнав во Милано и по втор пат за еден месец сум позитивен на тестот за Ковид.  Сега сум во болница“, напиша тој во објава на Инстаграм, споделувајќи фотографија на која седи покрај маса со маска на лицето.

Можете да прочитате

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка