Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Секој четврти тестиран е заразен од Ковид-19, Комисијата за заштита од заразни болести потфрли

МВР: Казни за 432 лица за неносење маски

Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со Ковид. Политиките на власта крахираа, а Комисијата за заштита од заразни болести целосно потфрли, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„За не цела недела имаме 2.000 заболени, онолку колку што Комисијата прогнозираше дека ќе имаме во текот на целата пандемија. Пандемијата се уште не е завршена, а бројот на заразени е десеткратно повеќе од прогнозите на Комисијата за заштита од заразни болести и власта. И власта не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа. На праг сме на сезоната на грип, а уште немаме вакцини. Највозрасните и хронично болните се оставени буквално на себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ не се потрудиле ниту да се подготват за есенскиот голем бран.

„Цело лето преспаа, и не оспособија ниту еден болнички капацитет повеќе, иако знаеја дека ситуацијата ќе биде лоша, резултатот сега го гледаме, преполни болници уште на почеток на есента. Хаосот кој се случува предизвикан од Ковид е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и власта кои немаат план како да се справат со заразата. Со СДСМ Македонија и граѓаните само тонат во хаосот на пандемијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт