Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа

СДСМ не ги поддржа земјоделците само им испрати полиција да ги тепа, а производите наместо на откупен пункт завршија на буниште, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ 5 години земјоделците излегуваат на улица, зошто нема ништо од сигурниот откуп и високите откупни цени, а кога јасно го кренаа гласот Заев и СДСМ им пратија полиција да ги тепа.

5 години праските завршуваат на депонија, зошто нема каде да се продадат. 5 години јаболката завршуваат во Преспанско езеро, 5 години оризот скапува во амбарите. 5 години по ред нема никаков откуп кој ќе овозможи земјоделците достојно да си го заработат лебот.

Власта со ништо не помогна. Субвенциите доцнат и по неколку години. И оваа година субвенциите наместо да растат, парите кои се одвојуваат се намалуваат.

Со СДСМ земјоделието оди надоле. Единствен начин да тргне државата напред се брзи предвремени избори, со цел целосна смена на оваа неработничка власт“ велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Левица: Додека Мицкоски се фали со економски бум, граѓаните бројат ситно до крајот на месецот

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица 

Македонија со 4,3% раст на БДП: Над европскиот просек и со намалена инфлација