3 март 2020
Република Македонија заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано.
Граѓаните не треба да бидат казнети и да ја плаќаат цената за неспособното и криминално владеење на Зоран Заев.
Криминалец Зоран Заев е истрошен и исплашен политичар кој знае дека ќе треба да одговара пред граѓаните и законите на Република Македонија.
Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата.
Eдинственото нешто што оваа власт им сервираше на граѓаните беа поразите и понижувањата.
Порази и понижувања за да може власта слободно да краде, да се спроведува криминал во големи размери и корупција. Милиони евра народни пари се испумпаа преку криминални тендери и грантови, пари кои завршија во џебовите на функционерите на СДСМ.
Крајот на поразите и понижувањата е се ближи. 12-ти април е денот кога граѓаните ќе го казнат Зоран Заев за сиот овој криминал и корупција што го стори изминатите три години.
Граѓаните ќе го казнат Заев за „Рекет 1“, „Рекет 2“, за ТЕ-ТО, случајот Рашковски, крвавите тендери.
После 12-ти април сите кои што се огрешиле пред законите ќе одговараат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.